Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Триумф на Хамилтон во Австрија

/

пред 2274 дена

Сподели преку :

Луис Хамилтон триумфираше на втората трка од новата сезона во формула 1 што се возеше на патеката во Шпилберг.Актуелниот светски шампион доминираше во Австрија и на крајот сосема заслужено го освои првото место со скоро 14 секунди предност во однос на тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас. Т

рет низ целта мина Макс Фестапен на Ред Бул, а зад настапот во Шпилберг го заврши Александер Албон. Меѓу петте најдобри се пласираше возачот на МекЛарен, Ландо Норис.

Вистински дебакл доживеаа возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклерк откако уште во првиот круг на третиот свиок поради меѓусебен судир мораа предвреме да ја завршат трката.

Во генералниот пласман на чело е Ботас со 43 бода, шест повеќе од Хамилтон, а трет со 26 е Норис.

Следната трка ќе се вози за една недела во Унгарија.