Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп ќе ги покачи царините на автомобили од ЕУ на 25%

/

пред 159 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека следната недела ќе ги зголеми царините на автомобилите и камионите од Европската унија на 25%, обвинувајќи го Брисел дека не го почитува целосно трговскиот договор. Новиот чекор може дополнитено да ги заостри трговските односи меѓу Сад и ЕУ особено во автомобилската индустрија.

„Со задоволство објавувам дека, поради фактот што Европската Унија не го почитува целосно нашиот трговски договор, следната недела ќе ги зголемам царините што ги наплаќаме на Европската Унија за автомобили и камиони што влегуваат во Соединетите Американски Држави. Царината ќе се зголеми на 25 проценти. Сосема е јасно договорено дека ако произведуваат автомобили и камиони во американските фабрики, нема да има тарифи“ напиша Трамп на неговата социјална мрежа.

Сегашните царини за стоки кои од ЕУ влегуваат во САД е 15%, според последниот договор постигнат минатото лето, што  беше олеснување за ЕУ од 30% царини со кои тогаш се закануваше Трамп.