Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР на Србија го активираше системот „Пронајди ме“ во случајот на исчезнувањето на 15-годишната Дуња Нециќ од Нови Сад

/

пред 158 дена

Сподели преку :

Српското министерство за внатрешни работи го активираше системот „Пронајди ме“, за итно алармирање на јавноста за случајот со изчезнувањето на 15-годишната Дуња Нециќ од Нови Сад, лице со попреченост, која исчезнала на 29-ти април 2026-тата година, кога од училиштето „Др. Милан Петровиќ“, во улицата Бата Бркиќ б.б, во Нови Сад, се упатила во непознат правец.

Девојчето, според информациите на Српското МВР последен пат била видена на 1-ви мај.

Дуња Нециќ е висока околу 160 см, со црна коса над рамењата, а во моментот на исчезнувањето била облечена во црна јакна, црни кожни панталони и црни „Најк“ патики.

До граѓаните во Србија се апелира, доколку имаат некакви информации, веднаш да се јават во полицијата на бројот 192 или на бројот 064 – 8924059.