Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тензиите во Персискиот залив предизвикаа нов скок во цената на нафтата

/

пред 156 дена

Сподели преку :

Иранската Револуционерна гарда нападна танкер на Обединетите арапски емирати во Ормускиот теснец, додека во исто време упати предупредување дека преминот останува затворен и секое пловило кое сака да помине мора тоа да го направи со претходна согласност од Техеран. Револуционерната гарда исто така се пофали и дека погодила и американски воен брод, кој наводно сакал да помине низ теснецот. Централната команда негираше дека нејзин брод бил погоден од ирански ракети.

Сепак, ова иранско тврдење беше доволно за цената на нафтата да забележи нов скок на берзите. За само неколку минути по објавувањето на таа информација, цената се искачи на 114 долари за барел, пред повторно малку да се намали.

Новите тензии на Блискиот исток доаѓаат само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп преку социјалните мрежи најави хуманитарна операција за помош на повеќе од два месеци заглавените морнари поради блокадата на теснецот. Операцијата, според американските медиуми, не предвидува морнарицата да спроведува трговски бродови низ теснецот, туку само да ги наведува.

„Светот не ги прифаќа американските хуманитарни гестови, ниту пак верува дека САД може да излезат од ќорсокакот во кој сами влегоа, што предизвика многу проблеми за регионот, за САД и за меѓународната заедница, поради повторувањето на истите грешки“, рече Есмаил Багеи, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи.

Во исто време Техеран потврди дека Пакистан им го доставил американскиот предлог, и дека тој се разгледува, ден откако Трамп потврди дека и тие го добиле иранскиот. За бавниот напредок во процесот, американскиот претседател продолжи да тврди дека причината е десеткуваното иранско лидерство.

„Ќе повторам, сакаат да постигнат договор, десеткувани се. Не можат да сфатат кој им е лидер. Не знаат кој им е лидер затоа што го нема повеќе. Нивниот лидер, поранешниот лидер, Хаменеи. Но, ќе видиме“, изјави Доналд Трамп, Претседател на САД

За сега тензиите во Персискиот залив продолжуваат да ги засенуваат дипломатските напори за завршување на војната. Берзите остануваат нервозни и реагираат на секоја информација од конфликтот во регионот, што беше евидентно и во денешниот скок на цената на нафтата по иранското тврдење дека бил погоден американски брод. Аналитичарите предупредуваат дека повторно разгорување на конфликтот.

 

Игор Трајков