Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФЕР-ПЛЕЈ со Јана – КЕНДО тим на Македонија ја освои првата Балканска титула

/

пред 151 дена

Сподели преку :

По цели дваесет години посветеност и напорна работа, сениорскиот КЕНДО тим на Македонија во месец април 2026. година ја освои првата Балканска титула.

Поважен аспект од титулите и спортскиот контекст на кендото, е фактот што ја отсликува јапонската филозофија на живеење и функционирање, бидејќи е дисциплина која го наследува некогашното самурајство.

На оваа тема во „Фер-плеј“ разговараме со:

Проф. Д-р. Златко Кесковски – СЕНСЕИ, Претседател на Кендо и Иаидо федерацијата на Македонија:

„ Секогаш треба да се има респект кон противникот, НО преголем респект ја намалува вашата самодоверба…“

Владимир Пешков кој за македонската јавност е познат по неговото уметничко име LD PISTOLERO.

Дознаваме: дали и што ги поврзува неговите способности за „фри-стајл“ рап и создавање текстови и рими  – со борбеноста и дисциплината кои ги практикува на доџото?

„Целта на практикување и тренирање кендо е секој да научи да го контролира и победи своето ЕГО. Секој кој се занимава со КЕНДО е подобар човек откако ќе го напушти доџото…“

„Фер-плеј“ со Јана, секоја недела во 16:15h на Телма.