Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уништени над 1.000 хекатри овошни насади во Пијанечко-малешевскиот регион од мраз и ниски температури – можно зголемување на цените

/

пред 153 дена

Сподели преку :

Мразот и екстремно ниските температури уништија над 1.000 хекатри овошни насади во Пијанечко-малешевскиот регион. Според првичните проценки на овоштарите во овој регион, каде што се одгледуваат модри сливи и вишни, измрзнувањето на дел од насадите достигнува и до 100 посто. Штетите сериозно ќе го погодат производството на модри сливи и вишни кои се карактеристични за овој регион.

„Мислам дека тоа многу лошо ќе се одрази врз овоштарството и земјоделството во Пијанечко-малешевскиот регион и мислам дека земјоделците ќе се соочат со потешкотии во одржувањето на нивните насади. По сите информации кои јас ги имам некаде околу 550 хектари модра слива и над 350 хектари вишна кои се само на територијата на Делчево“, вели Иван Гоцевски, градоначалник на Делчево.

Советот на Општина Делчево утре има закажано вонредна седница на која се очекува да прогласи природна непогода на територијата на Делчево, по што ќе се формираат Комисии кои ќе одат на терен за проценка на штета, а овоштарите по објавениот јавен повик ќе пријавуваат до Комисијата.

Ниските температири во првите денови на тековниот месец направија штети на лозовите насади, праската, кајсијата и јаболката во другите региони на државата, а ова може да доведе и до зголемување на цената на домашното овошје.

Викторија Јованова