Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови 12.870 дози Фајзер пристигнаа во Македонија, утре се очекува донацијата од Грција

/

пред 1941 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство информира дека денеска пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ во државата.

Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).

Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек.