Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар со триумф се прости од Европската лига, Монпелје оди на Ф4

/

пред 151 дена

Сподели преку :

Вардар го победи Монпелје со 27-24, но не успеа да се пласира на завршниот турнир во Европската лига на ЕХФ. Македонскиот тим имаше преголема негатива од првиот натпревар во Франција, каде што загуби со 23-33.

Избраниците на Иван Чупиќ водеа во текот на целиот натпревар, а по првото полувреме успеаја да анулираат половина од негативата и на одмор заминаа со предност од 17-12. На стартот на вториот дел, „црвено-црните“ стигнаа и до највисоки плус седум. Вардар во три наврати имаше ваква предност, но не можеше повеќе од тоа. Тенката клупа се покажа како еден од клучните фактори, особено ако се знае дека на првиот меч во Монпелје, македонскиот тим не можеше да смета на своите најдобри стрелци, Јака Малус и Дмитро Хориха.

Монпелје во финишот не му дозволи на Вардар да се понадева на повисок триумф, па конечниот резултат беше 27-24.

Малус беше најефикасен кај „вардарци“ со шест голови, а по четири постигнаа Вукашин Воркапиќ, Хориха и Жоао Педро да Силва. Милош Валах блескаше на голот со дури 18 интервенции. Кај Монпелје, Вилемино, Ришер и Плантан постигнаа по пет голови, додека голманот Дезбоне се истакна со 15 одбрани.

Францускиот тим обезбеди пласман на завршниот турнир во Хамбург, каде што ќе игра и со трите германски претставници Мелсунген, Кил и Фленсбург.

*Фотографијата е генерирана со помош на вештачка интелегенција.