Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсена сопственичка на салон за убавина за криумчарење филери и препарати за слабеење

/

пред 150 дена

Сподели преку :

Уапсена е сопственичка на салон за убавина и уште две лица, за криумчарење на медицински препарати. Во претрес на сaлонот биле пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи за убавина и за за редуцирање маснотии, кои биле аплицирани на клиенти во салонот.

Криминалната шема е разоткриена  на граничниот премин Табановце, кога во комбе се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг. Препаратите биле скриени во чаршави за постелнина.

https://www.youtube.com/shorts/4eVgWwHzhUs

Следен од мобилниот царински тим, возилото продолжило до местото каде што било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.

„Во моментот на исплата, инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода сопственичката, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи кои се користат за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување на брчки и производи за подмладување. За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, истите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти“, соопштија од Царината.

Против осомничените, поднесена е кривична пријава за криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување.