Инфлацијата со сериозен скок во април. Државниот завод за статистика измери 5,7% во споредба со април минатата година.
Во меѓувреме Народната банка ги ревидириаше бројките за македонската економија – очекува повисока инфлација од 4% и помал економски раст. Прогнозите се дека годинава ќе растат цените на примарните производи посебно на енергенсите. Се продлабочува и минусот на тековната сметка.











