Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шампионска меч топка за ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“

/

пред 150 дена

Сподели преку :

Ракометарите на Вардар се пред голема шанса, вечерва пред својата публика, да прослават победа вредна титула и тоа против најголемиот ривал и бранител на титулата во Суперлигата, Еурофарм Пелистер. До освојувањето на 15-та титула во домашната конкуренција „црвено- црните“, предводени од Иван Чупиќ, ги дели само еден бод.

Во оваа дерби пресметка, во рамки на 7-то плеј-оф суперлигашко коло, вардарци ќе влезат по напорното натпреварувачко темпо во кое на меѓународната сцена нивниот последен предизвик беше исцрпувачкиот дуел со Монпелје во Европската ракометна лига на ЕХФ.

Со оглед на скорот во меѓусебните дуели на македонските ривали сезонава, за освојување на титулата на која Вардар последен пат се радуваше во 2022 година, вечерва би му било доволно и реми или пораз со максимум два гола разлика.

Соочувањето на Вардар и Е. Пелистер ќе стартува вечерва во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.