Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија за првпат е дел од масовната спортска манифестација за млади во регионот – во Скопје отворени Плазма спортските игри

/

пред 149 дена

Сподели преку :

Македонија годинава за првпат e на мапата на масовната спортска манифестација за млади, која има зад себе повеќе децениска традиција. Попладнево во Скопје беа отворени Плазма спортските игри во кои ќе учествуваат околу 27.000 деца од земјава, а најдобрите од регионалните натпревари ќе настапат на финалниот државен натпревар, од каде победниците ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната завршница на Игрите чиј домаќин е Сплит.

Таму ќе се натпреваруваат, дружат и разменуваат искуства со голем број на ученици од Хрватска, Србија, БиХ и Словенија кои, исто така, се дел од овој проект.

Дел од познатите спортски имиња кои се бренд амбасадори на игрите беа присутни попладнево во главниот град, а маратонецот Дарио Ивановски и автомобилистот Игор Стефановски Иџе беа оние кои го носеа факелот и го запалија огнот со кој беше означен стартот на оваа спортска манифестација.