Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маглешов: Никој во оваа држава не верува дека повлекувањето на овластувањата за обвинителите е принципиелен и легалистички потег на државниот обвинител

/

пред 150 дена

Сподели преку :

За повлекувањето на овластувањата за обвинителите кои работеа на предмети од други обвинителства ми се чини дека никој во оваа држава од повеќе причини не верува дека станува збор за принципиелен и легалистички потег кој што подразбира дека треба да се стави некаков ред во обвинителство, е коментарот на новинарот Васко Маглешов во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за еден од првите потези на државен обвинител Ненад Савески по преземање на функцијата.

„Прво, од каде потребата во првите 10-тина дена од мандатот, тоа да биде најгорливото прашање со кое што ќе се зафати јавниот обвинител. Ми се чини дека пред него беше в.д. државната обвинителка Тополова, таа не направи ништо. Пред него беше Љупчо Коцевски. Никој немаше, барем јавно ние не знаеме, дека се разговарало на колегиуми дека овластувањата се некаков проблем“, вели Маглешов.

С.Д.