Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автобус кој враќал деца од екскурзија, неколку пати останувал во дефект – родител пријавил, полицијата го упатила на вонреден технички преглед

/

пред 147 дена

Сподели преку :

Автобус кој превезувал деца на екскурзија неколкупати останувал во дефект за време на патувањето, по што интервенирала полицијата и испратен е на вонреден технички преглед,
Случајот во полиција го пријавил родител, чие дете се наоѓало во автобусот. По пријавата полициски службеници од СВР Велес го запреле автобусот на наплатната станица „Отовица“ на автопатот Велес – Скопје.
Децата со друг автобус безбедно се вратени одма, соопштија од полицијата.
„По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес – Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „Сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ. (43) од Скопје“, известија од  полиција.
Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност, а децата со друг автобус се безбедно пренесени до крајната дестинација.
По целосно комплетирање на случајот и по завршување на вонредниот технички преглед ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.