Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 15 убиени полицајци – самоубиствен напад на терористичка група во Пакистан

/

пред 148 дена

Сподели преку :

Најмалку 15 полицајци се убиени во самоубиствен напад врз полициска станица во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва, што се граничи со Авганистан, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на официјални лица.

Нападот се случи во округот Бану, каде што терористите со автомобил со експлозив удриле во полициска контролна станица. По нападот имало интензивна престрелка.

Вооружената група Итехад-ул-Муџахидин ја презеде одговорноста за нападот.

„Најмалку 15 полицајци беа убиени“, изјави за ДПА регионален полициски службеник. Уште тројца беа ранети во нападот, додаде тој.

Во времето на нападот, на станицата се наоѓаа 18 полицајци.

Силната експлозија доведе до целосно уништување на полицискиот објект, како и до уништување на оклопно возило.