Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Диско танц на новиот унгарски министер пред парламентот во Будимпешта

/

пред 148 дена

Сподели преку :

Новиот министер за здравство на Унгарија, Жолт Хегедуш го „украде“ шоуто пред зградата на Парламентот во Будимпешта по инаугурацијата на новиот собраниски состав и Петер Маѓар за нов премиер на земјата, претворајќи ја сцената во подиум за играње.

Хегедуш во еден момент почна да игра во ритамот на диско музиката. Перформансот го изведе пред стотици Унгарци кои се собраа пред законодавниот дом кои го отпоздравија со аплауз. Откако го скрши мразот, во хепенингот се придружија и останатите членови на новиот владин кабинет и пратеници.

Хегедуш се најде на насловните страници во унгарските медиуми и во април кога го изведе истиот танц на песната „Полноќ“ од лондонскиот музичар Јалја, по убедливата изборна победа на партијата Тиса.