Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Еден-два“ победа на Априлија: Мартин пред Бецеки на „Ле Ман“

/

пред 146 дена

Сподели преку :

Априлија продолжува да доминира сезонава во Мото ГП шампионатот. Хорхе Мартин славеше на трката за Големата награда на Франција, и тоа пред својот тимски колега Марко Бецеки. За Шпанецот ова беше прва победа по пауза од 588 дена.

На патеката „Ле Ман“, Априлија беше апсолутно доминантна. Мартин финишираше на првото место, Бецеки беше втор, а подиумот го комплетираше Аи Огура од Трекхаус, тим кој исто така користи мотоцикли на Априлија. Така, италијанскиот производител стигна до целосна доминација на подиумот во Франција.

Освојувачот на пол-позицијата Франческо Бањаја не ја заврши трката по излетувањето, а Марк Маркез воопшто не стартуваше по несреќата што ја доживеа во саботата. Поради тоа, фабричкиот тим на Дукати остана без бодови на трката во Франција. Четвртото место го освои Фабио ди Џанантонио, пред Педро Акоста и домашниот миленик Фабио Квартараро. Меѓу најдобрите десет завршија уште Енеа Бастијанини, Раул Фернандез, Фермин Алдегер и Лука Марини.

Во генералниот поредок, Бецеки е лидер со 128 бодови, само еден повеќе од Мартин, кој има 127. На третата позиција е Ди Џанантонио со 84 бодови.

Следната трка е за Големата награда на Каталонија следниот викенд.