Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Руските сили на бојното поле воопшто не го почитуваат договореното примирје

/

пред 147 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека  немало масовни руски напади, но нагласи дека руските сили на бојното поле воопшто не го почитуваат договореното примирје.

–Охрабрувачки е што до овој момент денес немаше напади од големи размери – ниту ракетни напади, ниту воздушни напади. Сепак, во населбите по должината на самата линија на фронтот и во близина на фронтот, немаше ни трага мир. Русите сè уште напаѓаат области што се клучни за нив. Имаше гранатирање и напади од разни видови беспилотни летала по целата линија на разделување, рече Зеленски во своето вечерно обраќање.