Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комисијата за избори и именувања треба да го соопшти предлогот за нов член на ДКСК

/

пред 147 дена

Сподели преку :

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, а на дневен ред на седницата се повеќе други точки.

Телма веќе информираше дека прворангирана на листата за нов член на ДКСК со најмногу бодови,  е Катерина Зајковска со 90, 67 бодови, а Комисијата за селекција оценила дека врз основа на дадените одговори кандидатката има големо искуство во борбата за спречување на корупцијата и судирот на интереси и има јасна визија за работата на ДКСК и план за нејзината работа. Дала одлични одговори за поставените општи и посебни прашања.

Инаку Зајковска доаѓа како вработена во антикорупциската комисија на позиција раководител на секторот за следење на финансирањето на политичките партии и кампањи. Таа треба да ја наследи Цвета Ристовска која си даде оставка.

Зад Катерина Зајкова се Милка Муратовска, Тања Левајковиќ и Владимир Клековски.

Зајковска можна наследничка на Ристовска, ДКСК демантира дека била нејзин извршител