Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советничката група на ГРОМ во Карпош бараат да се расчисти ситуацијата со градоначалникот Лукровски

/

пред 149 дена

Сподели преку :

Советничката група на ГРОМ во Советот на Карпош обвини дека во општината постои институционална нестабилност и побара итно свикување вонредна седница.

Тврдат дека градоначалникот Сотир Лукровски се повлекол од активното управување, додека одредени овластувања ги користи негов заменик.

Советниците бараат расчистување на состојбата и доколку е потребно, распишување нови избори за градоначалник.

Телма побара став и од Лукровски околу функционирањето на Општина Карпош, како и за обвинувањата од ГРОМ, но тој не одговори на нашите повици.