Полицијата уапси 65 годишен штипјанец, кој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, допирал по телото неколку малолетни ученички.
Случајот во полиција го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Штип.
Претрес имало во неговиот дом и во образовниот центар од каде се одземени предмети, а судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор.











