Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меџити за одлуката за запирање на постапката за ТЕЦ „Неготино“: Потребни се длабоки реформи во судството, вака џабе се отвораат предмети, ќе излезе уште да им се извиниме

/

пред 146 дена

Сподели преку :

Ова покажува и докажува дека е потребна длабока реформа во судството, е коментарот на Изет Меџити, копретседател на Влен и градоначалник на Чаир, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ, за одлуката на обвинителството да ја запре постапката во истрагата за ТЕЦ „Неготино“ со што од вина, меѓу другите, се ослободуваат Асмир Јахоски, син на пратеникна ДУИ, поранешниот прв човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и Ратко Капушевски, сопственик на компанијата РКМ.

„Треба подлабока реформа во судството и обвинителството, бидејќи вака ќе испадне дека џабе се отвораат предмети, џабе што реагира јавноста, џабе што има штета во буџетот и во животната средина. На крај, значи, ќе излезе уште да им се извиниме“, рече Меџити.

С.Д.