Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зараза се шири на британски крузер – на 1.700 патници „заробени“ во Бордо

/

пред 145 дена

Сподели преку :

Британски брод е запрен во Франција откако десетина патници и членови на екипажот развиле симптоми на вирус. Локалните власти во Бордо соопштија дека тројца патници се изолирани во своите кабини, додека на останатите патници не им е дозволено да го напуштат бродот.Француските власти изјавија дека нема причина да се поврзува случајот со неодамнешната епидемија на хантавирус на друг крузер.

Неколку патници и членови на екипажот покажале симптоми на стомачен вирус. Бродот исплови од Белфаст на 8 мај и се закотви во Ливерпул следниот ден. Компанијата соопшти дека откако нови патници се качиле во Ливерпул, имало зголемување на бројот на болни лица.

Откако биле пријавени првите случаи, воведени се дополнителни мерки за чистење и дезинфекција, а на патниците им е препорачано почесто да ги мијат рацете и да ги пријавуваат симптомите на медицинскиот тим на бродот.

Би-Би-Си објави дека 92-годишен патник починал на бродот во неделата, но дека тој немал симптоми поврзани со болеста што се проширила на бродот и дека најверојатно починал од срцев удар.

Бродот останува закотвен како мерка на претпазливост, додека не стигнат резултатите од тестирањата.