Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија го нападна Киев со дронови и балистички ракети

/

пред 144 дена

Сподели преку :

Русија изврши масовен напад врз украинската престолнина Киев со дронови и балистички ракети во раните утрински часови, при што се повредени најмалку четири лица.

Според локалните власти, оштетувања се регистрирани во најмалку шест градски области.

Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, соопшти дека во населбата Дарницја делумно се урнала станбена зграда, а луѓе останале затрупани под урнатините.

Во областа Дњепар, дрон погодил покрив на петкатна станбена зграда, додека оштетен е и друг објект во непосредна близина. Во текот на ноќта низ градот одекнувале силни експлозии.

Нападот следува само неколку часа по претходен голем руски напад врз Киев, за кој украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека биле употребени најмалку 800 дронови. Според него, целта на нападите била да се предизвика што е можно повеќе „болка и тага“ кај украинското население.