Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девет пациенти имале непотребни операции на срце

/

пред 144 дена

Сподели преку :

Од 13 кардиолошки и кардиохируршки интервенции кај девет пациенти имало сомнеж за непотребни операции. Странската комисија утврдила дека оправданост има само кај четири пациенти.

„ Кај четири пациенти комисијата констатираше дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со прифатените стандарди на клиничка пракса. Додека кај останатите девет пациенти, според странските експерти документацијата укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација на пр: несогласување меѓу ангиографски наоди од коронографијата и писмениот извештај  по што следувало несоодветна индикација за процедурите било ендоваскуларните или хируршките процедури. Комисијата оценува дека одредени аспекти од третманот биле под професионалните стандарди и можеби влијале на клиничкиот исход“ рече министерот за здравство Алиу на денешната прес-конференција.

Пациентите, кои се на возраст од 45 до 78 години, се живи, а министерот рече дека Министерството ќе им ги достави извештаите доколку тие тоа го побараат. На прашањето дали некој ќе сноси кривична одговорност, Алиу одговори дека за тоа ќе одлучуваат надлежните институции. Не прецизираше дали станува збор за финансиски мотивирани интервенции или за лекарски пропусти.

„ Во сите три установи имаме пропусти – државната и двете приватни установи“ рече Алиу. 

За да се спречат вакви случаи во иднина, Министерството за здравство најави формирање национален тим кој ќе ја оценува оправданоста на кардиолошките и кардиохируршките интервенции кај пациентите што ќе бидат ставени на листа за вакви зафати.

Случајот за можни непотребни операции извршени заради финансиска добивка прв го отвори кардиологот Сашко Кедев, по што во јавноста се отворија сериозни сомнежи за евентуални непотребни интервенции врз пациенти.