Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прегазено осумгодишно дете со „Мерцедес“ на влезот во Драчево

/

пред 143 дена

Сподели преку :

Осумгодишно дете попладнево е прегазено со автомобил „Мерцедес“ во Драчево, информира полицијата.

„Денеска, 14.05.2026, во 18 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Јустинијан Први“ во Скопје, патничко возило „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. (53) од Скопје удрило во пешак-дете на возраст од околу осум години. Детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза”, а во тек е увид на местото на настанот“, велат од полицијата.

Несреќата се случила на влезот во скопската населба Драчево. Полицијата засега не открива детали за здравствената состојбата на детето.

С.Д.