Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цените на нафтата пораснаа откако Трамп кажа дека Кина ќе купува американска нафта

/

пред 142 дена

Сподели преку :

Цените на нафтата пораснаа за повеќе од 1 отсто, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина планира да купува сурова нафта од Соединетите Американски Држави.

Цената на сировата нафта тип од типот „Брент“ порасна за 1,17 долари, односно 1,11 отсто, на 106,89 долари за барел. Американската „лесна“ нафта поскапе за 1,10 долари односно за 1,09 отсто, на 102,27 долари за барел.

Растот на цените дополнително е поттикнат од загриженоста од евентуачни напади врз бродови и заплени во Ормутскиот Теснец, една од клучните рути за глобалниот транспорт на нафта.

Цените на нафтата денеска бележат раст независно информациите од Иран дека околу 30 бродови во текот на вчерашниот ден поминале низ Ормутскиот Теснец.