Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе ги изгориме оние кои глумат моторџии – Тошковски најавува акција против дивеење на скопските улици

/

пред 145 дена

Сподели преку :

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави акција против моторџиите кои возат без да ги почитуваат сообраќајните правила и се ризик за сите учесници.

Тој нагласи дека акцијата нема да биде насочена кон  вистинските моторџии кои како што рече Тошковски никогаш нема да ги прекршат сообраќајните правила зашто добро знаат кои се последиците кога не се почитуваат правилата како носење на кацига и возење во рамки на пропишаната брзина.

Акацијата на МВР  ќе биде насочена кон оние кои глумат дека се моторџии, „кои не носат кацига, или управуваат со далеку поголема брзина, го дигаат на едно тркало среде град, возат на црвено и мислат дека Сејф сити нема да ги детектира“ рече Тошковски кој им упати порака дека МВР во следниот период ќе  биде фокусирано на нив, особено во градските средини.

„Слободно можам да кажам ќе ги изгориме, ќе останат  и без мотори и без можноста да глумат дека се моторџии“, рече Тошковски