Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И Путин, по Трамп, во Пекинг – Кремљ соопшти дека подготовките за посетата на рускиот претседател на Кина се завршени

/

пред 143 дена

Сподели преку :

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина. Посетата ќе се случи кусо по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на земјата, пренесоа руските медиуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека сите детали околу посетата се веќе прецизирани и усогласени. Според него, официјално соопштение за посетата ќе биде објавено наскоро по координација со Пекинг, нагласувајќи дека Москва не сака да брза со објавувањето.

Весникот „Саут Чајна морнинг пост“ претходно објави дека посетата на Путин е планирана за 20 мај. Сепак, кинеското Министерство за надворешни работи не ја потврди датата.

Последната посета на Путин на Пекинг беше минатата година, кога присуствуваше на воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.