36 годишен битолчанец е уапсен околу 1 часот по полноќ . Тој пред две недели односно на 30 април околу 18:10 часот се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за кредитирање на улицата „Столарска“ во Битола.
Се заканувал и со огнено оружје, но кога не успеал да ги ограби побегнал.
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.
Во неговиот дом, со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол.











