Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скандал во Белград – шефот на белградската полиција и уште 3 други полицајци бришеле траги и снимки од убиство

/

пред 140 дена

Сподели преку :

Судот одреди 30 дена притвор за Веселин Милиќ, началник на белградската полиција и поранешен советник на српскиот претседател, кој беше уапсен за прикривање обид за убиство и спречување на истрагата за исчезнувањето на човек кого медиумите го поврзуваа со белградски криминален клан.

Милиќ е осомничен дека извршил неколку кривични дела како началник на белградската полиција како што се „непријавување кривично дело и сторител“ и „помагање на сторител по извршено кривично дело“, а поврзани со Александар Нешовиќ Баја, кој е пријавен за исчезнат на 12 мај. Тој последен пат бил виден во  ресторан во луксузната белградска населба Сењак каде најверојатно бил застрелан.
Во рамки на истрагата се уапсени и тројца полициски службеници под сомнение дека исто така помогнале на сторител и не пријавиле кривично дело.
Исчезнувањето на Нешовиќ го пријавила неговата невенчана сопруга, која последен пат контактирала со него на 12 мај околу 23 часот, кога тој бил во ресторан на Сењак со пријатели.

Според информации објавени во дел од српските медиуми,  шефот на белградската полиција заедно со други полицајци се обиделе да го прикријат убиството на Баја кој бил застрелан во ресторанот и да ги отстранат трагите и видео снимките од надзорните камери.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека телото на Баја се уште не е пронајдено.

„Знаеме дека бил застрелан бидејќи некои луѓе мислат дека можат да ги перат чаршафите и да се види ништо, или да го перат подот, а постојат техники што можете да ги користите за да видите дека има крв насекаде, но тие луѓе не научиле дека технологијата напреднала и дека не успеале ништо да сокријат, и дека приказната нема тело, нема дело е многу имбецилна“, рече Вучиќ