Маја Сивагнанам e нов амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија. Tаа ќе ја преземе должноста во август годинава, соопшти Амбасадата во Скопје.
Сивагнанам ќе го замени сегашниот амбасадор Метју Лосон, кој е на оваа должност од 2022 година.
Според нејзината биографија, Сивагнанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во британската амбасада во Анкара, Турција.
Ова е нејзина прва служба како највисок дипломатски претставник во една држава.











