Екипажи на два американски борбени авиона безбедно се катапултираа по судир во воздух за време на аеромитингот „Ганфајтер Скај“ во сојузната држава Ајдахо. Според американската морнарица, станува збор за авиони кои учествувале во воздушна демонстрација кога дошло до судир во воздух.
По несреќата избувнал пожар, а настанот бил веднаш прекинат и базата кратко време била затворена од безбедносни причини. Американските власти соопштија дека сите четворица членови на екипажот се во стабилна состојба и се под лекарски надзор. Во тек е истрага за причините за несреќата.











