Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин пристигнува во Пекинг на средба со Си, само неколку денови по Трамп

/

пред 138 дена

Сподели преку :

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигнува во посета на Пекинг на средби со кинескиот лидер Си Џинпинг, само неколку денови по Доналд Трамп. Според Кремљ, Путин и Си ќе разговараат за глобални прашања, економските односи и долгогодишното партнерство меѓу двете земји.

Посетата исто така ја одбележува и 25 годишнината од потпишувањето за Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Русија и Кина во 2001 година.

Русија и Кина активно ги прошируваат своите контакти во политиката, економијата и одбраната, додека ја зголемуваат хуманитарната размена и ја охрабруваат меѓучовечката интеракција. Тоа значи дека заедно правиме сѐ за дополнително да ја продлабочиме билатералната соработка и да го унапредиме сеопфатниот развој на нашите држави, порача рускиот претседател.

Пекинг и Москва значителни ја продлабочија меѓусебната врска, особено по руската инвазија на Украина и нејзината меѓународна изолација и санкциите. Токму санкциите ја натераа Москва сѐ позависно да се потпира на Пекинг, како за дипломатска поддршка, така и за економска соработка.

Денеска Руско Кинеските односи достигнаа навистина досега невидено ниво. Нивната специјална природа се отсликува и во атмосферата на меѓусебно разбирање и доверба, посветеноста кон остварување на соработка која е еднаква и од која сите добиваат, водејќи пријателски дијалог и меѓусебно поддржувајќи се за прашања кои влијаат врз основните интереси и на двете држави, вклучувајќи заштита на државниот интегритет и суверенитет, рече путин пред средбата со си.

Кина е убедливо најголемиот трговски партнер на Русија, додека пак во исто време значителното руско природно богатство е неопходно за незаситната кинеска индустрија.

Игор Трајков