Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Запленета златна плочка вредна 73.000 евра скриена во чевел

/

пред 140 дена

Сподели преку :

Царинaта заплени златна плочка вредна околу 4,5 милиони денари на граничниот премин Богородица.

Плочката е најдена  при контрола на автобус што сообраќал на релација Гостивар–Истанбул. Како што соопштија од царината, случајот бил откриен при претрес на патник – македонски државјанин.

„При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија“, информираат од царинската управа.

Патникот првично ја чувал плочката во сакото, но непосредно пред контролата ја сокрил во чевелот. „Со умисла за криумчарење, сторителот, кој ја чувал плочката во сакото, непосредно пред контролата ја скрил во чевелот“, наведуваат од царината.

Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија за кривично дело „криумчарење“.