Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конте си заминува од Наполи по крајот на сезоната

/

пред 137 дена

Сподели преку :

Антонио Конте ја напушта клупата на Наполи по завршувањето на оваа сезона поради лични причини. Тој иако има договор до јуни 2027 година, веќе го информирал претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис дека сака да си замине.

Според италијанските медиуми, 56-годишниот стратег сака да се раздели со Наполи без финансиска компензација. Под негово водство тимот лани ја освои шампионската титула во Серија А, додека оваа натпреварувачка година финишира на второто место на табелата, зад шампионот Интер.

Конте се споменува и како иден селектор на Италија, функција што веќе ја извршуваше од 2014 до 2016 година. Во тренерската кариера ги водеше и Аталанта, Јувентус, Сиена, Челси, Интер и Тотенхем.