Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вeнс: Иран „не е вечна војна“

/

пред 138 дена

Сподели преку :

Потпретседателот на САД продолжи да ја брани стратегијата на администрацијата во Иран, велејќи дека активниот конфликт траел отприлика колку што било првичното предвидување на претседателот Трамп од четири до шест недели и дека двете земји моментално се во прекин на огнот.

Ќе имаме добра спогодба што всушност ќе им го обезбеди на американскиот народ она што им е потребно, или ќе се вратиме на кинетичка операција. Очигледно, претседателот претпочита да ја добие таа спогодба. Мислам дека Иранците претпочитаат да ја добијат таа спогодба. Но, без оглед на тоа во која насока претседателот на крајот ќе се сврти, што и да одлучи на крајот, мислам дека е важно американскиот народ да знае две работи. Прво, тоа ќе биде за нивната безбедност и нивниот просперитет. Затоа го правиме ова. И второ, нема – ова нема да биде нешто што ќе трае вечно. Мислам дека многу Американци, особено во мојата генерација кои се загрижени за вечни, бескрајни конфликти, мора да запомнат, мислам дека рековте 11 недели. Голем дел од тоа беше прекин на огнот. Ова не е вечна војна. Ќе се погрижиме  за работата и ќе се вратиме дома. Тоа е она што го вети претседателот. И токму тоа  ќе го испорача, исткна Венс.