Полицијата на граничниот премин Дојран спречила обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, која била сокриена во пластични пакувања со различни прехранбени намази, меѓу кои и „Нутела“.
Дрогата била внимателно распределена во околу 50 пакувања со цел да не биде откриена при контрола.
Според првичните информации, македонски државјани со рент-а-кар возило се обиделе да ја пренесат дрогата кон Грција.
Случајот е откриен при засилени гранични проверки, кои во последниот период се интензивирани поради зголемени обиди за прекуграничен шверц.
Од надлежните институции најавуваат дека ќе бидат соопштени повеќе детали во текот на денот.











