Глодари пријавуваат, а Абази создава паника, вели Мицкоски за шпионската афера во Кабинетот на Силјановска
/
пред 139 дена
Сподели преку :
Премиерот Христијан Мицкоски прашан за шпионската афера во Кабинетот на Силјановска ги коментираше оние кои го пријавиле случајот. Според него се работи за политички глодари кои се претставувале како анонимни вработени и испраќале писма до oбвинителството.
Според него, шефот на ОЈО ГOКК Ислам Абази создавал паника во јавноста дека нешто се случува.
„Талог на општеството, структури од минатото кои биле во кабинетите како глодари на некои политичари, претседатели, премиери, итн. и тие се претставуваат како група вработени и испраќаат анонимни дописи до Обвинителството. Се разбира таму е Ислам Абази веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодари, зашто мислам дека треба да ги заборавиме“, рече Мицкоски.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираше дека е отворена предистрага по пријава од МВР, а во врска со шпионска афера во Кабинетот на претседателот, но и дека уште чекаат известување од МВР за анализата на мобилните телефони и податоците екстархирани од компјутерската опрема и од информативниот систем на Кабинетот на претседателката.
„На 25.03.2026 година, имајќи ја предвид сериозноста и чувствителноста на предметот, јавниот обвинител до МВР – Сектор за компјутерски криминал достави наредба за анализа на податоците од мобилните телефони, како и заедничка анализа на податоците екстрахирани од компјутерската опрема обработена во Истражниот центар на ОЈО ГОКК. Дополнително, беше побарана и анализа на постапувањето по судската наредба за увид и пребарување во информативниот систем на Кабинетот на Претседателката, со задолжение до обвинителството да биде доставено известување за прибраните докази.
До денес, и покрај сериозноста на предметот, чувствителноста на околностите и значењето на навременото постапување, ОЈО ГОКК нема добиено известување од МВР за резултатите од преземените дејствија, ниту за прибраните докази“, соопштуваат од Обвинителството.