Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од недостиг на кадар до романтично запросување – одбележан Денот на пожарникарите

/

пред 140 дена

Сподели преку :

На Скопје му недостигаат околу 170 пожарникари, предупреди Командатот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари главниот град треба да има 384, а сега располага со 213 пожарникари.

„Недостигот на вработени е хроничен. Сега последната генерација има дваесет нови вработени на кои им претстои преквалификација и обука. Потребата од дополнување ќе тече во текот на целата година. Така да, очекувам да дојдеме до некој оптимум за да бидеме ефикасни“, објасни Ѕвонко Томевски, командант на противпожарна бригада на Град Скопје.

Но, недостигаат и противпожарни возила, а дополнителен проблем е и тоа што дел од нив се стари повеќе години. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека дел од противпожарната опрема веќе е обновена. Набавено е едно ново противпожарно возило и две цистерни што веќе се користат. Тој соопшти и дека е формиран противпожарен кризен штаб кој ќе координира со институциите и службите при евентуални летни пожари.

„Кризниот штаб ќе делува на региони за во секое време да бидеме подготвени ако се случи пожар да се знае кој и каде да интервенира. Мислам дека така ќе бидеме многу повеќе подготвени“, смета Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје.

Покрај проблемите со кои се соочуваат пожарникарите, денешниот настан по повод Денот на пожарникарите беше одбележан и со емотивен момент, кога пожарникар ја запроси својата девојка.

Инаку годинава се одбележуваат 190 години од формирањето на првата противпожарна единица во Македонија.

Тамара Марковска