Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Официјално: Потпишан договорот за старт на регионалните ракометни лиги

/

пред 136 дена

Сподели преку :

Денеска во Подгорица беше потпишан договорот за формирање регионални ракометни лиги во машка и женска конкуренција. Проектот е на иницијатива на ракометните федерации на Македонија, Србија и Црна Гора, а натпреварите официјално треба да почнат од сезоната 2027/28.

Регионалната машка лига ќе брои десет клубови — по четири од Србија и Македонија, како и два од Црна Гора. Женската лига исто така ќе има десет екипи, но од пет земји од регионот: Црна Гора, Србија, Македонија, Хрватска и Словенија, со по два претставници од секоја држава.

„Денешниот ден претставува почеток на едно ново и амбициозно поглавје во регионалниот ракомет, со јасна цел — создавање модерно, стабилно и квалитетно регионално натпреварување кое ќе биде гордост за сите учесници и за целиот европски ракомет“, се вели во дел од соопштението објавено од Ракометната федерација на Македонија.

Од сезоната 2027/28 регионалните лиги треба да се играат во полн формат и во двете конкуренции. Системот на натпреварување ќе биде двокружен, со 18 кола, по што ќе следува завршен турнир за титулата.

Како преодно решение, договорено е во сезоната 2026/27 да се организира натпреварување во скратен формат, односно да се одиграат три турнири, на кои домаќини ќе бидат Скопје, Белград и Подгорица.

Ова е нов обид за создавање силно регионално ракометно натпреварување по СЕХА-лигата, која стартуваше во 2011 година и официјално траеше до 2023 година.