Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чадот на депонијата во Радовиш намален – екоактивистите апелираат на правилно управување со отпадот

/

пред 136 дена

Сподели преку :

Горењето на депониите не смее да се третира како вообичаен настан, туку аларм и ризик по човековото здравје од највисоко ниво, велат екоактивистите. По петдневното чадење на депонијата во Радовиш, денеска чадот е смирен, но за активистите не е крај на загриженоста. Tие предупредуваат дека останува фактот дека депониите неправилно се одржуваат и затоа се опасност од понатамошни палења.

Горан Станишлевиќ вели дека екоактивистите од Југоистокот одамна предупредуваат дека мора да се работи на правилно управување со отпадот.

„Сигурно дека ги слушаат, но колку внимаваат на тоа не ми е познато. Дишеме цело време загаден воздух, ветрот што го има чувствуваме дека дишеме изгорена пластика, секаде пишува дека тоа е многу штетно, нема каде да избегаме и бараме помош“, вели Станишлевиќ.

Овие денови екоактивистите реагираа дека во Струмица, кога нема загадување од греењето, загаденоста е висока и се чувствува чадот. Не знаат од каде е, но бараат посилни контроли за палењето отпад на диви депонии.

„Не можам да тврдам од каде е потеклото на чадот, дали не е некоја локална депонија или е од Радовиш, ама тие растојанија не се толку големи, може да дојдат отровите и тука“, додава Станишлевиќ.

Депонијата во Радовиш е запалена во петокот попладне. Од Општина Радовиш не ја посочија точната причини за настанување на пожарот, можеби е подметнат, но постои реална можност и да е самозапален, бидејќи депонијата не е соодветно уредена.

Механизацијата на комуналното претпријатие и приватна градежна механизација изминатите денови го затрупуваше пожарот со песок, но поради силно чадење, од општината апелираа за внимателно движење на отворено. Денеска веќе чадот е намален, постојат мали жаришта на одредени места каде дополнително се интервенира.

Сузана Мицева