Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД покренаа обвинение против поранешниот претседател на Куба, 94-годишниот Раул Кастро

/

пред 138 дена

Сподели преку :

Администрацијата на Трамп поднесе обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро заради кривични дела поврзани со неговата наводна улога во соборувањето на два цивилни авиони во 1996 година, при што животот го загубиле четири лица, меѓу кои и тројца Американци.

При објавувањето на обвиненијата, кои вклучуваат заговор за убиство на американски државјани и убиство, вршителот на должноста американски државен обвинител и поранешен бранител на Трамп во повеќе кривични процеси против актуелниот шеф на американската држава, изјави дека САД и неговиот некогашен клиент –„не ги забораваат и нема да ги заборават своите граѓани“.

94-годишниот, Раул Кастро е брат на Фидел Кастро и еден од последните живи лидери на Кубанската револуција.

Островската држава инаку се соочува со колапс на својот енергетски сектор заради жестоките американски санкции и блокадата на увозот на нафта, која следуваше по американскиот напад врз Венецуела — сојузник на Куба богат со нафта — во јануари.

Трамп лично повеќе пати најавуваше дека откако ќе завршат со Иран, американските бродови можеби на враќање ќе ја преземат контролата над Куба а тоа за него би било голема чест.

Н.И