Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Астон Вила го прегази Фрајбург, Емери останува крал на Лигата на Европа

/

пред 136 дена

Сподели преку :

Астон Вила ја освои Лигата на Европа на УЕФА по победата од 3-0 против Фрајбург во вечерашното големо финале што се одигра во Истанбул.

Премиерлигашот на доминантен начин дојде до втората европска титула во клупската историја, а прва по 44 години, кога го крена пехарот во Купот на европските шампиони, натпреварување денес познато како Лига на шампиони.

Англискиот состав по првото полувреме имаше предност од 2-0, благодарение на головите на Јури Тилеманс во 41. минута и Емилијано Буендија, кој погоди во судиското продолжение. Точка на натпреварот стави Морган Роџерс во 58. минута.

Ова воедно беше и петта титула во Лигата на Европа за тренерот Унаи Емери, кој претходно трипати го освојуваше натпреварувањето со Севилја и еднаш со Виљареал.