САД поднесоа обвинение против поранешниот кубански лидер Раул Кастро за заговор за убиство на американски државјани и други кривични дела поврзани со соборувањето на два авиони во 1996 година.
Во инцидентот, што се случил меѓу Куба и Флорида, загинаа четири лица, од кои тројца американски државјани.
Американското Министерство за правда соопшти дека Кастро, кој тогаш бил министер на вооружените сили на Куба, се товари и за уништување на летала и четири точки за убиство.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека обвинението против поранешниот кубански лидер Раул Кастро претставува „многу голем и важен ден“ за Кубанците. Трамп посочи дека ЦИА има присуство во Куба и нагласи дека не очекува дополнителна ескалација на притисокот врз Куба, додавајќи дека „нема потреба од тоа“.
-Значи, само гледав, имаме големи вести за Куба, како што знаете, со обвинението против Кастро. Значи, тие – многу луѓе страдале многу, многу – многу – на нивоа што малкумина би ги разбрале. И мислам дека кубанското население во Мајами, а секако и надвор од Мајами, луѓето што дојдоа таму, а беа десеткувани, чии с емејства беа уништени, го ценат она што државниот обвинител го направи денес, и што тој само го прави сега. Тој само го гледа тоа. Значи, Куба ни е на ум. Многу важно. Тоа беше голем проблем многу години, и ова беше голем – мислам дека беше многу голем момент за луѓето кои – не само кубанските Американци, туку и луѓето што дојдоа од Куба, кои сакаат да се вратат на Куба, луѓето што сакаат да ги видат своите семејства на Куба. Мислам дека ова е многу голем ден, многу важен ден. Кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел ги нарече обвиненијата „политички мотивирани“ и без правна основа, истакна Трамп.
Обвинението доаѓа во период на засилен притисок од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врз Куба.
Иако е малку веројатно дека 94-годишниот Кастро ќе биде екстрадиран во САД, американските власти соопштија дека за него е издадена потерница и дека случајот ќе продолжи пред американски суд.
Кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел ги нарече обвиненијата „политички мотивирани“ и без правна основа.
Жители на Хавана реагираа на одлуката на американските обвинители да поднесат обвинение против поранешниот кубански лидер Раул Кастро.
-Никој не го гони Доналд Трамп. И покрај тоа, земете го соборувањето на тие авиони, на пример.Да беше обратно, ако Куба ги испратише тие авиони во Соединетите Држави, а ние одлетавме во Мајами, што ќе се случеше? Ќе нè собореа како глинени гулаби со ракетите „Патриот“. Па,
за што зборуваме? Вели граѓанин на Куба.











