На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 15°C, а максимумот од 19 до 28°C.
Информација од ова утро 21.5.2026
Минимална температура (во °C)
4 Mаврови Анови, Лазарополе, 5 Попова Шапка, 6 Берово, 7 Охрид, Крива Паланка, 8 Битола, Kрушево, Претор, 9 Тетово, 10 Прилеп, Демир Капија, Виница, 11 Скопје-Петровец, Штип, 12 Струмица, 13 Велес, Куманово, Кавадарци, 16 Скопје-Зајчев Рид, 17 Гевгелија.











