Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Цената на нафтата повторно над 100 долари

/

пред 136 дена

Сподели преку :

Цените на нафтата  забележuvaaт раст од над 1%, откако пазарите продолжија внимателно да ги следат неизвесните мировни преговори меѓу САД и Иран, како и сигналите за намалување на глобалната понуда.

Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ пораснаа на 106,29 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта достигна 99,55 долари за барел, делумно надоместувајќи ги загубите од претходниот ден.

Пазарите остануваат чувствителни на секоја нова информација поврзана со Иран и Ормутскиот теснец, кој претставува клучен енергетски коридор преку кој вообичаено поминува околу 20% од глобалната трговија со нафта и течен природен гас.