Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица загинати во тешка сообраќајна несреќа кај скопската обиколница

/

пред 136 дена

Сподели преку :

Најмалку четворица загинати во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница, во близина на Радишани.  Автомобил марка „бмв“ директно се судрило со камион, а од силината на ударот патничкото возило се запалило, објави Алсат.

Телма побара официјални информеции од МВР кои се очекуваат во текот на денот. Утрово патот беше пуштен за сообраќање, по извршените  проверки од екипите кои беа на терен.

Според информациите, починатите се најверојато тројца млади момчиња од Скопје  кои се возеле со таткото на едно од нив, причина за несреќата е преминување на камионот со косовски регистарски ознаки во спротивната лента, поради што се случил судирот.

Возилото е целосно пеплосано и засега е нејасно дали четворицата загинати во „бмв“-то се семејство или група млади луѓе.