Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крај на една ера: Гвардиола си заминува од Манчестер сити

/

пред 134 дена

Сподели преку :

Манчестер сити го потврди заминувањето на Пеп Гвардиола од менаџерската позиција по завршувањето на оваа сезона, една година пред истекот на неговиот договор.

Каталонецот му се приклучи на клубот во 2016 година и во изминатата деценија ја одбележа најуспешната ера во историјата на „граѓаните“. Со Сити освои 20 трофеи, меѓу кои шест титули во Премиерлигата и првата клупска титула во Лигата на шампиони, освоена во 2023 година.

Во недела против Астон Вила, Гвардиола за последен пат ќе биде на клупата на Манчестер сити. Според најавите, тој нема целосно да ги прекине врските со клубот, бидејќи се очекува да добие амбасадорска и советодавна улога во рамки на фудбалската групација.