Економска катастрофа и финансиски крах… Вака од опозициската СДСМ ја опишаа состојбата во државата на денешната прес-конференција од партиското седиште. Обвинуваат дека буџетот е во криза, снемува пари, а власта неконтролирано се задолжува.
„Побараа 300 милиони евра од банки, но банките одобрија само 260 милиони евра со висока камата од 4,5%. Ова значи само едно – и банките се сомневат во фискалниот капацитет на државата. Уште поважно прашање е за што се парите од задолжувањата? – Нема мерки за справување со ценовните шокови, нема повисока минимална плата, нема редовна исплата на плати по јавните институции, се доцни со социјалните трансфери“, истакна меѓудругото Ната Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција.
Поповиќ тврди дека доцни повратот на ДДВ кај компаниите.
„Владата должи близу 20 милиони евра по основ на поврат на ДДВ. Тоа директно ја гуши економијата и ја намалува ликвидноста на стопанството“, обвинија од опизициската партија.
С.Д.











